Have a question?
Message sent Close

Пе прашува: За раѓањето

Силвија Шесто

Пе прашува: За раѓањето

Илустрирана од Ванда Чижмек

 

Малиот Петја е неверојатно љубопитен, постојано поставува прашања за светот околу него. Од Тетка  Книга со Приказни, која се грижи за него додека неговите родители се на работа, тој веќе се обиде да добие одговор на прашањето зошто небото е сино. Сега, тој е неизмерно заинтересиран за тоа, како дошол на овој свет. Со оглед на тоа што тетката Книга со Приказни нема да му даде одговор на ова прашање, на помош му приоѓа малата Ана. Неговата снаодлива пријателка има план како да започне муабет со возрасните и од нив да извлече одговор на ова непријатно прашање.

 

Оваа прекрасна сликовница поттикнува разговор за раѓањето и породувањето, притоа обезбедувајќи бројни можности да се разговара за семејството, љубопитноста од детството, родителскиот срам, истражувањето на светот и зошто понекогаш на одредени прашања не добиваме лесно одговори.

СИЛВИЈА ШЕСТО е позната Хрватска писателка. Таа има добиено бројни награди за својата работа, вклучувајќи ги тука и Наградата Григор Витез во 2018, којашто е најважната литературна награда во Хрватска. Таа најчесто работи во тандем со илустраторот Ванда Чижмек

ВАНДА ЧИЖМЕК е родена во Загреб во 1974 година, само осум дена пред Божиќ. Почнала да црта уште кога била во пелени, продолжила да го прави истото во училиштето за применета уметност, а потоа се запишала на Факултетот за графичка уметност. Во последниве години таа илустрира книги за деца и млади, а истовремено работи и како графички дизајнер. Нејзините дела се изложени на бројни национални и меѓународни изложби, при што заслужила и неколку престижни награди. Во 2018 година ја добила наградата Григор Витез, најважната награда за литературни и уметнички достигнувања во литературата за деца во Хрватска, за нејзините илустрации во книгата Ухвати ми плавого меду. Во 2019 година ја добила наградата за најдобра илустрација во категоријата илустрација на книги на Фестивалот за илустрација во Белград.