fbpx

Проект НМБ



За проектот Нашата Мала Библиотека

Шеснаесет години, проектот „Нашата мала библиотека“ успешно ја поттикнува љубовта кон читањето кај словенечките деца од основните училишта и децата од предучилишна возраст. Во организација на KUD Sodobnost International, проектот е започнат во 2008 година со само 2.500 учесници ученици. Во 2014 година проектот се прошири на полски и литвански училишта, а понатаму и во Хрватска, Естонија и Летонија во 2018 година.

Во септември 2024 година, Нашата мала библиотека ќе го прошири својот досег уште во седум европски земји; Италија, Естонија, Хрватска, Грција, Северна Македонија и Полска. Проектот доби на интензитет и во Словенија, при што околу 34.000 словенечки деца активно учествуваат во нашите активности за читање.

Проектот е сеопфатен, во него се применуваат различни методи и активности за да се запали искра на љубов кон книгите, со цел да се едуцира генерација на доживотни читатели. На почетокот на учебната година учениците добиваат таканаречени Книги за креативност базирани на шест извонредни сликовници. При изборот на овие книги, ние секако дека се фокусираме на квалитетот, а истовремено се стремиме и да ги запознаеме децата со современи автори/илустратори од цела Европа за да ја поттикнеме свеста за заедничкиот европски литературен идентитет.

Две книги за креативност се достапни за различни возрасни групи читатели: првата е наменета за постарите деца од предучилишна возраст и за пониските одделенија од основното училиште, додека втората е наменета за трето, четврто и петто одделение. Учесниците можат да се пријават и за дополнителни возбудливи активности, како што се на пример Размена на книжевни ликови, писма за изненадување, напишани од еден од авторите, конкурси за најдолг читачки воз и најдобро катче за читање, посети на автор и илустратор… Како дел од проектот, им помагаме на наставниците со предлози како да го поттикнат читањето и организираме семинар за различни стратегии за промовирање на читањето.

Европската комисија на овој проект му го додели насловот „Успешна приказна“, кој исто така во 2021 година доби признание од IBBY Словенија.

Што нуди проектот?

  • Книги за креативност кои на учесниците им обезбедуваат интересни задачи поврзани со 6 книги.
  • Возбудливи дополнителни активности дизајнирани да го мотивираат читањето на различни начини прилагодени за децата.
  • Наградни посети од автори и илустратори.
  • Во текот на целата година даваме насоки низ поединечните фази на проектот, чекор по чекор.
  • Секој ментор може да избере како ќе учествува со својот клас и да одлучи во кои дополнителни активности би сакал да учествува

 

Што велат менторите?

/…/ Книгите за креативност претставуваат голема мотивација за читање висококвалитетни книги, кои вклучуваат задачи засновани на темата на прикажаните книги. Овие задачи се забавни и ја поттикнуваат детската креативност и имагинација, со тоа што бараат подетално читање и набљудување. Учениците решаваат крстозбори, пишуваат имагинативни рецепти, песни, цртаат и решаваат детективски задачи /…/ (ментори Маја Паплер и Барбара Зорман, ОУ Матија Чопа Крањ)

/…/ Учеството во проектот „Нашата мала библиотека“ ги мотивираше учениците од четврто одделение да читаат книга што инаку веројатно не би ја ни погледнале. За менторите, книгата поттикна бројни идеи за работа, кои сега со ентузијазам ги спроведуваат во пракса. Искуството беше толку позитивно што планираат да користат сличен пристап и за другите книги вклучени во проектот на KUD Sodobnost International /…/ (ментори Маја Бубук, Татјана Крањц Бариќ, Соња Реберник, Мојца Шон, ОУ Петровче)

/…/ Ние менторите веруваме дека проектот ги надмина сите наши очекувања бидејќи, покрај поставените цели, го обедини класот во една заедница, правејќи го читањето пријатно за сите /…/ (ментори Сабина Буркељца и Анита Габер Пецели, ОУ Родица)