Have a question?
Message sent Close

Кука и јамка

Еви Герокоста

Кука и јамка

Илустрирана од Костас Маркопулос

 

Низ улиците парадираат чевли од секаков вид, но момчето сепак ги носи само оние со Велкро лепенки. Тој е опседнат со врвки од чевли, бидејќи едноставно не може да научи како тие врвки да ги врзува, иако со секој ден станува се поголем и постар. Збунет од јазли и јамки, тој го спушта погледот, гледа во чевлите на другите луѓе и ништо не е – или барем не изгледа – лесно. Понекогаш чувствува јазол во стомакот, а друг пат срцето му е врзано за јамка. Се додека еден ден момчето не сфати што значат неговите чувства и го крева погледот. Невидлива рака ги одврзува јазлите и јамките што ги носеше во себе… …

 

Оваа симболична приказна зборува за неизвесност, вознемиреност и навидум непремостливи тешкотии, за емоции и растење. Ги учи децата да ги препознаваат и именуваат емоциите, а сликовницата е вредна бидејќи со неа се пренесува тоа дека проблемите можат да исчезнат кога ќе го пренасочиме погледот, односно кога ќе ја промениме нашата перспектива.

ЕВИ ГЕРОКОСТА студирала француска книжевност и култура на Универзитетот во Атина – Катедрата за филозофија, а литературен превод на Францускиот институт во Атина. Работела во невладини организации за заштита на животната средина, во Европскиот книжевен преведувачки центар како и во Националниот центар за книги на Грција.

КОСТАС МАРКОПУЛОС е грчки сликар и илустратор, роден во 1977 година во Каламата. Студирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Аристотел во Солун и ги изложувал своите дела на самостојни и групни изложби во Солун и Атина. Неговите илустрации за книгата за деца „Лутиот мешач на цемент“ ја добија Националната награда за илустрација на книги за деца, како и награда за дизајн на ЕБГЕ. Неговата илустрација за книгата Од градот на вкусовите (од Ф. Вакана и С. Елефтериу) беше наградена со прва награда од Културната фондација на Банката на Кипар. Костас Маркопулос живее во Солун, каде работи како наставник по уметност во основно училиште.