Have a question?
Message sent Close

Чаробна омара

Јана Бауер: Чаробна омара

Илустрирана од Ана Кошир

 

Еднаш, одамна, во еден замок, живееше една принцеза. Таа немаше усни црвени како крв, немаше очи црни како јаглен. Таа не беше ниту пријателски расположена ниту пак симпатична, особено не на нејзиниот роденден; тогаш ништо не ја радуваше. Уморните крал и кралица не знаеја повеќе што да ѝ подарат, но од дилемата ги спасил глувиот волшебник од замокот: принцезата добила волшебна гардероба, која ќе и исполни шест желби, по една за секој роденден!

 

Оваа невообичаена бајка за една разгалена принцеза, носи имагинативни извитоперувања, необични пресврти и токму колку што треба вистинска количина на глупости и хумор. Светот во кој желбите оживуваат на неочекуван начин предизвикува дискусии за тоа што имаме и што посакуваме, за уживањето и скромноста, како и за природната убавина и – да – пластичните кеси.

ЈАНА БАУЕР (1975) е сакана авторка за деца и млади. Пораснала во Кочевје, летувајќи со баба ѝ покрај реката Колпа. Нејзиниот татко бил страстен раскажувач, а легендите за вештерки, духови и шверцери имале најзначајно влијание врз развојот на нејзиниот имагинативен свет. Како што минувале нејзините детски години исполнети со пријатно мечтаење, таа се запишала на студии по драматургија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија. По завршувањето на студиите, таа се посветила на пишување фантастични приказни за деца. Нејзиното деби, Izginjevalec čarovnic, беше номиниран за наградата „Вечерница“ во 2003 година. Нејзината популарност меѓу младите читатели несомнено порасна со книгата „ Groznovilca v Hudi hosti “, објавена во 2011 година и е преведена на неколку странски јазици. Неодамна излезе и продолжението Groznovilca in divja zima. Иако нејзините приказни првично се напишани за деца, нивната магија ги плени читателите од сите генерации. Книгата „ Groznovilca v Hudi hosti“ во 2013 година беше номинирана за наградите „Вечерница“ и „Десетница“, ја доби  наградата за квалитет „Златна круша“ и доби високи пофалби во Хрватска. Во 2020 година Јана беше почестена со престижната награда Десетница за нејзината книга приказни за Динг донг, а во 2022 година ја доби наградата Кристина Бренкова во програмата за најдобра сликовница на годината.

АНА КОШИР е словенечка сликарка и илустраторка. Дипломирала на Академијата за ликовни уметности во Љубљана. Досега има илустрирано над сто монографски публикации, претежно за деца, а ја добила и наградата Моја омилена книга.