
ВАНДА ЧИЖМЕК е позната хрватска илустраторка. Родена е во 1974 година во Загреб, и тоа осум дена пред Божиќ. Цртала уште од пелени, потоа во школата за применети уметности, а подоцна и на Факултетот за графичка уметност. Последните години илустрира книги за деца и млади и работи како графички дизајнер. Нејзините дела биле изложени на бројни изложби, и национални и меѓународни, и имаат освоено неколку престижни награди. Во 2018 година, за илустрациите на сликовницата „Фати ми го синиот мече“, која е достапна и на словенечки, ја добила наградата Григор Витез, најважната награда за книжевни и уметнички достигнувања во детската литература во Хрватска. Во 2019 година, на Фестивалот на илустрација во Белград, ја добила наградата за најдобра илустрација во категоријата книжна илустрација.
П. С. Веројатно и во овој момент нешто црта.