Have a question?
Message sent Close

Прозарт Медиа

ПРОЗАРТ МЕДИА

Издавачка Куќа Прозарт Медиа е основана од македонскиот писател и уредник Дејан Трајкоски во 2015 година. Прозарт медиа е организатор на ПРО-ЗА Балкан, меѓународниот фестивал на проза кој секоја година доделува реномирана награда за литература. Фестивалот е посветен на прозаисти од целиот Балкан. Прозарт Медиа е и организатор на „Скопје Fellowship“ програмата, која девет години беше единствената ваква програма во регионот, со гости издавачи и книжевни агенти, главно од земјите на ЕУ. Целта на издавачката куќа е да ги поврзе европските книжевни професионалци со книжевните професионалци и писателите од Балканот; да придонесе за транснационалната мобилност на делата и уметниците; да промовира квалитетна литература, културна разновидност и меѓукултурен дијалог, како и да обезбеди пристап до нови пазари.