Што ќе се случува?
На почетокот на учебната година, на децата учесници ќе им поделиме Книги за креативност кои содржат возбудливи задачи кои се поврзани со презентираните книги. Во текот на целата учебна година, стимулативните активности и бројните наградни задачи дополнително ќе го поттикнат читањето и креативноста.
Во КНИЖЕВНА РАЗМЕНА НА ЛИКОВИ ги покануваме учесниците од паралелките во основните училишта и предучилишните групи да создадат кукла според некој литературен карактер. Заедно со тетратка за цртежи и белешки како и збирка бајки по избор, ликот ќе ги посетува децата дома. Групите кои сакаат да учествуваат можат да ја разменат куклата со група од друго училиште или градинка.
Ќе добиете ПИСМО ЗА ИЗНЕНАДУВАЊЕ, напишано од еден од авторите, специјално за децата вклучени во проектот.
Класовите кои ќе го организираат НАЈДОБРОТО ЌОШЕ ЗА ЧИТАЊЕ ќе бидат наградени со награди во вид на книги.
Најактивните класови можат да очекуваат НЕНАДЕЈНА ПОСЕТА.
Ќе ви испратиме КНИГИЧКИ РАЗГЛЕДНИЦИ со извонредни илустрации, на кои ќе можете да ги напишете вашите размислувања за книгите што сте ги прочитале.
Класовите кои ќе го организираат најдолгиот ВОЗ ЗА ЧИТАЊЕ ќе добијат специјална награда.
Ќе организираме УМЕТНИЧКО-ЛИТЕРАТУРНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ.
Во училиштата кои активно учествуваат ќе спроведеме супер забавен НМБ КВИЗ.
Ќе имате можност да ни се придружите на ВИРТУЕЛНИТЕ ПОСЕТИ ОД АВТОРИТЕ И ИЛУСТРАТОРИТЕ.