
Урмас Реинмаа
Kust sa selle leidsid?
Илустрирано од Ула Саар
Аника излегува надвор во своите нови чевли. Додека им се восхитува, таа на земјата забележува клуч. Како дошол овде? Кој го изгубил? Одејќи така по пат, таа наоѓа друг клуч, па друг, и наскоро има полна рака клучеви. Девојчето почнува да се грижи. Ако изгубите клуч, не можете да си одите дома. Пријателите не можат да ве посетат, а соседите не можат да позајмуваат цимет. Како да ги најдете сопствениците на клучевите?
Оваа исклучително уникатна приказна ги поттикнува децата да размислуваат за изгубените и пронајдените предмети, но пред сè, отвора бројни можности за дискусии за несебична помош, љубезност и грижа за другите, дури и ако се непознати.
УРМАС РЕИНМАА е автор и копирајтер. Својата писателска кариера ја започнал во 90-тите години додека студирал естонски јазик и литература, а подоцна работел како слободен преведувач, театарски критичар и уредник на вести за култура. Сликовницата „Kust sa selle nadli“ се најде меѓу 5-те најубави естонски сликовници за 2020 година.
УЛА СААР е илустратор и графичар. Дипломирала на Естонската академија за уметности за дизајн на производи. Нејзината прва илустрирана книга Lift многу брзо достигнала популарност и била наведена во каталогот White Ravens во 2014 година. Оттогаш, секоја нејзина книга добива меѓународно признание. Саар практикува современ пристап кон илустрацијата на книгите сличен на дизајн : нејзината духовна и разиграна уметност често е повеќе дел од целокупниот дизајн на делото отколку како самостојни слики.