
Ана Онихимовска: Господинот Крушка и едрилицата
Господин Крушка беше голем колекционер. Во својата голема куќа и во дворот натрупа купишта работи – килими, вазни, филџани, облека, дури и автомобили и бродови. Но, еден ден му снема простор за самиот себе. Тогаш реши да однесе дел од работите на едрилица што стоеше заборавена во неговиот двор. Но се крена бура, блиските поточиња се претворија во реки и ја понесоа едрилицата во непознато. Со неа замина и господин Крушка. Што ќе се случи сега со него и со неговите работи? Приказна за диви плажи, за госпоѓа Маргариета, за чистење на светот и за тоа дека понекогаш е поубаво да не се има, отколку да се има.
Зошто книгата е драгоцена: Одлична книга за разговор за грижата за животната средина, за недопрената природа и за значењето на чистењето. Симпатичните главни ликови поттикнуваат размислување за вистинските вредности, добрината и љубовта, и на децата на разбирлив начин им пренесуваат дека понекогаш е поубаво да не се има, отколку да се има.
Клучни зборови: натрупување непотребни предмети, ѓубре, еколошки прашања, љубов, пријателство, акции за чистење.
Анна Онихимовска (1952) е полска поетеса, писателка, драматург, авторка на книги за деца, млади и возрасни, како и на радио, филмски и телевизиски сценарија. Дипломирала полска книжевност и јазик на Универзитетот во Варшава. Дебитирала во 1980 година со збирката поезија Кога би имал коњ (Gdybym miał konia). За своето творештво има добиено бројни награди и во Полска и во странство. Во 2011 година ја доби наградата за животно дело во областа на детската книжевност – признание што го доделува Полската секција на IBBY.
Наталија Јаблонска е родена во 1993 година во Сталова Вола, на југоистокот на Полска. Во 2018 година дипломирала на Академијата за ликовна уметност Јан Матејко во Краков, на Одделот за графика. За време на студиите се усовршувала на Факултетот за ликовна уметност во Лисабон. На конкурсот „Бједронка“ (2015), жирито едногласно ги избра нејзините илустрации, препознавајќи во нив висока уметничка вредност и внимателна обработка на ликовите, усогласеност со книжевниот текст и прилагоденост на когнитивните способности на деца на возраст од 4 до 10 години.