Have a question?
Message sent Close

КОСТАС МАРКОПОЛУС

КOСТАС МАРКОПУЛОС (изг. Костас Маркопулос) е роден во 1977 година во Каламата. Студирал сликарство, а се занимава и со илустрација, особено со книжна илустрација. Во 2011 година на конкурсот на Кипарската банка ја добил првата награда за илустрациите во книгата „Од градот доаѓам“. За илустрациите во книгата „Лутиот бетонски мешалец“ ја добил државната награда, а Меѓународната библиотека во Минхен ја вброила книгата меѓу стоте најубаво илустрирани книги.