Архива
МЕЃУНАРОДЕН ПРОЕКТ НАША МАЛА БИБЛИОТЕКА 2014-2016
Првиот проект „Нашата мала библиотека“ (2014-2016) имаше за цел да ја промовира читачката култура и да воведе нови европски детски автори и илустратори кои беа многу сакани во своите земји, но не нужно мораа да бидат познати во другите европски земји. Издавачите KUD Sodobnost International, Ezop од Полска и Nieko Rimto од Литванија успешно ја проширија литературата надвор од националните граници. Проектот „Нашата Мала Библиотека“ читањето меѓу учениците го поттикна на интерактивен и пријатен начин. Секој издавач влезе во соработка со две од нивните најдобри книги за деца. Ние издадовме шест висококвалитетни книги со кои беа претставени десет автори (писатели и илустратори) на сите три јазици и тие избрани дела беа вклучени во Книгите за креативност, кои беа печатени на словенечки, полски и литвански јазик. Во проектот ангажиравме повеќе од 300 училишта. Проектот Нашата Мала Библиотека беше збогатен со промотивни и креативни активности на секој од партнерите. Ezop соработуваше со театарот Лалка и организираше неколку театарски претстави и работилници; Nieko Rimto го претстави проектот на саемот на книгата во Вилнус и воопшто пред литванските читатели. Патувачката изложба на прекрасно илустрирани куфери ги охрабри илустраторите од сите три земји да ги изложат своите дела во библиотеки, училишта и други институции. Наградата за Промотори на Читање им беше доделена на најангажираните промотори и библиотекари на читањата во 2015 и 2016 година а кое привлече значително внимание. Во 2016 година, наградата беше доделена под почесно покровителство на претседателот Борут Пахор. Креативните работилници одиграа суштинска улога во промовирањето на читачката култура и претставувањето на европските детски автори и илустратори. Децата имаа можност да запознаат автори и илустратори, што имаше значително влијание врз нивната мотивација.
Тридневниот меѓународен семинар во Љубљана се фокусираше на предизвиците на издаваштвото во променливи околности и на истражување на нови можности за размена, заедно со состаноци со издавачи-учесници од Летонија, Србија, Естонија, Хрватска, Турција и трите земји партнери. Заради неговото опипливо влијание и бројот на вклучени луѓе, сметаме дека имплементацијата на овој проект е голем успех.